×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Запленети 15 килограми марихуана на Табановце

    14.03.2015 13:44 | KumanovoNews

    На граничниот премин Табановце-автопат запленети околу 15 килограми марихуана.

    Запленети 15 килограми марихуана на Табановце

    Дрогата е пронајдена во патничко возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин, кое вчера сакало да излезе од државата. Откако возачот не пријавил ништо за царинење, колата ја ставиле на проверка, при што куче ја насетило дрогата. Во деталниот преглед пронајдени се 15 пакувања марихуана, облепени со кафеава селотејп, со вкупна тежина од околу 14,680 килограми, сокриени над предното десно тркало, во наслонот на возачкото и совозачкото седиште, во задниот лев и десен дел на багажникот и во десниот дел на предниот браник.

    Осомничениот ја набавил марихуаната од лице во Западна Македонија и имал намера да ја пренесе во западно-европските земји.

    Царинската управа поднесе кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство во Куманово, а осомничениот е изнесен пред судија на претходна постапка.