Запленети 33 иљади петарди
31.10.2011 13:06
| KumanovoNews
Џ.А. (50) од Черкеско село во својата куќа чувал 33.678 парчиња петарди наменети за продажба. Полицијата ги пронашла минатиот месец при претрес на куќата.

Против Џ.А. е поднесена кривична за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.