Запленети фалсификат постелнини Тач
Претставници од Заводот за заштита на индустриска сопственост и полицијата денеска извршиле контрола во 6 фирми и 3 кабловски оператори кои работата во Куманово и Липково, при што се констатирани повеќе неправилности и запленета е фалсификувана постелнина.

Одземени се 10 комплета од познатата турска фирма “Тач“ во два правни субјекти. Од државниот пазарен инспекторат, УЈП и МВР поднесени се соодветни кривични пријави и парини казни од 5000 евра.- вели Мите Костов, заменик директор на Заводот за заштита на индустриска сопственост.
Комплетите се произведувани во скопска фабрика и за нив ќе следуваат соодветни кривични пријави.
Во Општина Липково со судски налог е влезено во три кабловски телевизии кои немаат сертификат од Агенцијата за електронски комуникации и Советот за радиодифузија.
Контролите ќе продолжат и во другите градови во Македонија.