×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна асфалтирањето на Бајрам Шабани

    22.07.2015 09:42 | KumanovoNews

    Започна реализацијата на проектот за асфатирање на улиците во централното градско подрачје, предвидени со програмата на Општината за оваа година.

    Започна асфалтирањето на Бајрам Шабани

    Денеска отпочнаа градежните работи на улицата Бајрам Шабани, а на терен излегоа и првите луѓе на локалната самоуправа.

    Се асфалтира дел од улицата Бајрам Шабани од потегот на Тонко Димков до Есперанто во должината е 400 метри, а ќе се потрошат 256 тони асфалт,- вели Момчило Јовановски заменик раководител во Секторот за урбанизам.  

    Во програмата за асфалтирање се и улиците Биљановска, од Народна револуција до Тоде Думба, крстосницата од Тоде Думба до Васил Драгомански, улицата кај Турка пекара во Зелен рид, 11 Октомври од Општината до Болницата и др.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски најави дека градежните работи ќе трајат во наредните 40-ина дена, а ќе бидат асфалтирани околу 30.000 метри квадратни.

    Проектот целосно ќе чини околу 22 милиони денари и се надеваме дека со ова значајно ќе се подобри патната инфраструктура во Куманово, - смета Дамјановски.

    Тој најави и поголем број на други проекти, како што се асфалтирање на тротоари, улици и патишта, изградба на водоводна и канализациона мрежа, реконструкција на училишта, градинки, кои ќе се реализираат до крајот на годината.