Започна дистрибуцијата на новите учебници за децата од пониските одделенија
Деновиве започна дистрибуцијата на учебниците за новата наставна програма на децата од прво, второ, четврто и петто одделение. Министерството за образование и наука започна со дистрибуција и процесот се очекува да заврши за две недели.

Испечатени и спремни за употреба се 52 учебника, од сите наставни јазици во Македонија. По завршувањето на првото тромесечие најмалите ученици учеа од тетратки и материјали што ги подготвуваа учителките, а печатењето го финансираа родителите.
Се продолжува и со печатење на нови учебници за средно стручно образование.
Во меѓувреме, МОН заедно со другите надлежни институции најави дека континуирано ќе продолжи да вложува во нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно-образовен процес.