Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна изградбата на нов фекален колектор и единаесет крака на фекална канализација во должина од 2,5 киломерти во населбата „Иго Тричковиќ“ т.н. Пуковско.
Од Општина Куманово велат дека проектот е дел програмата за реализација на нови капитални и инфраструктурни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на живот на кумановци.
„Општина Куманово за реализација на овој значаен проект за градот издвои околу 19 милиони денари, финансиски средства од буџетот на Општина Куманово. Рокот на изградба на новиот фекален колектор и краците на фекалната канализација е 5 месеци“, соопштуваат од Општина Куманово.
За почетокот на градежните работи за изградба на канализациската мрежа се пофали и пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Децениската неправда врз населбата Пуковско, каде СДСМ не сакаше да инвестира само затоа што таму убедливо победува ВМРО-ДПМНЕ, почнуваме да ја исправаме. Со поддршка и заложба на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот“, објави Петрушевски.
Му реплицираше неговиот колега Мартин Костовски од СДСМ, кој напиша дека почетокот на овој проект е од времето на СДСМ, но најважно од се е жителите на населбата да добијат канализација.
Граѓаните на „Иго Тричковиќ“ со години наназад бараа од локалната и централната власт да им се реши проблемот со фекалната канализација.