×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна изградбата на затворениот базен

    10.11.2011 15:41 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, денеска удрија камен темелник на затворениот базен кај Спортската сала Куманово. Базенот ќе биде со површина од 4000 метри квадратни, ќе чини 2.2 милиони евра, а треба да се изгради за 18 месеци.

    Започна изградбата на затворениот базен

    Градоначалникот Дамјановски ја истакна важноста на изградбата на овој капитален објект, бидејќи спортистите и учениците кои тренираа пливање, досега заминуваа на базените во Скопје.

    Оваа идеја локалната администрација ја работи 1,5 години, со подршка на Советот и сите политички субјеки во градот, по што ја изработивме целата  документација. Се надевам дека по отварањето на овој базен, од нашиот град ќе произлезат новите шампиони во овој спорт, кој ќе го претставуваат градот и државата во светот - рече Дамјановски.

    На присутните им се обрати и Црвенковски, кој упати честитки по повод празникот на градот 11 Ноември, и истакна дека Куманово од секогаш бил напреден и прогресивен град.

    Во многу тежок период кога немате подршка од централната власт, со сопствени можности и сили, градите значајни објекти за своите граѓани. Гасификација, спортски сали, атлетски полигон, тоа се ваши успеси со кои имате право да се гордеете и да покажете на сите во Македонија дека можело ако домаќински се работи, да се гради и без кредити од странство - изјави Црвенковски.

    На свеченост по повод отпочнувањето на изградбата на базенот во Куманово не присуствуваше опозицијата, а не дојдоа ни премиерот и министерот за транспорт и врски, кои градоначалникот ги поканил.