×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна Меѓународниот сликарски конак „Грација 2023“ во Куманово

    15.05.2023 10:07 | Оливера Пешевска

    Меѓународен сликарски конак „Грација 2023“ започнува од денеска и ќе трае во наредната недела. На сликарската колонија ќе учествуваат десетина уметници од Србија, Германија, Косово, Бугарија ,а почесен гостин ќе биде академик Васко Ташковски.

    Започна Меѓународниот сликарски конак  „Грација 2023“  во Куманово

    Уметнички раководител и координатор на настанот е кумановецот Мики Трендафиловски.

    „Темата за творење е слободна, а техниката со која ќе се работи е акрил и масло на платно. Создадените дела ќе бидат изложени на биенална изложба, некаде во октомври. Планирано е изложбата да биде по повод празникот „11 Октомври“, изјави Трендафиловски.

    На колонијата ќе учествуваат Никола Стојановиќ (Србија), Габриеле Шафарцик (Германија), Етхем Бајмак (Косово), Надежда Златкова (Бугарија) и готите од Македонија Драги Хаџи Николов, Лара Ташковска, Стојче и Еми Тоциновски, Александар Стефановски и младата Анастасија Недељковска,како млад талент.

    Во наредните 7 дена уметниците ќе имаат можност за дружење, уметничко творење, а доколку временските услови дозволат ќе се организираат и дополнителни активности и прошетка на дел од локациите во близина на Куманово.

    Домаќин и организатор на Меѓународниот сликарски конак „Грација 2023“ е  сопственикот на ресторан „Грација“ Влајко Стојчевски.