Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бројни лампиони, милиони разнобојни светилки, волшебни куќички, светлечки украси, елки...ги красат градскиот плоштад, градскиот парк и главната улица во Крива Паланка, како и плоштадот пред општинската зграда, создавајќи новогодишна магија за среќен почеток на Новата 2024 година.
Градот ја започна новогодишната приказна, а граѓаните возбудени од убавината и волшепството на новогодишниот сјај ги овековечуваат моментите низ фотографии.
Кривопаланчани на социјалните мрежи го искажуваат своето задоволство од украсувањето и празничната атмосфера, а бројни пофалби стигнуваат од сите граѓани од државата.
„Крива Паланка веќе стана препознатлива како еден од најубаво украсените градови, надминувајќи ги големите центри, па дури и Скопје“, велат граѓаните.
Минатата година бројни посетители уживаа во новогодишна авантура, а велат оваа година е уште повозбудливо и уште сега може да се почувствуваат празничните денови.