Започна пријавувањето на пензионерите за бесплатна бања
23.01.2020 10:37
| KumanovoNews
Од Фондот за пензиско и инвалидеско осигурување информираат дека кориснците на пензија можат да поднесат пријави за бесплатен престој во бања до 14 фебруари.
Според информациите коишто ги објави ПИОМ, годинава услугата можат да ја користат пензионерите со пенззија до 20 илјади денари.
Лицата коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило, за време на престојот во бањата имаат право на придружник.
За нив ќе бидат обезбедени шест пансиони во една од бањите во земјата, со бањската терапија, обезбеден превоз и медицински преглед.
Пријавувањето се врши во пензискиот фонд, според местото на живеење.