×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна пријавувањето за образовен додаток

    15.09.2022 10:28 | Сузана Николиќ

    Центарот за социјална работа Куманово ја започна постапката за прием на барања за остварување на правото на додаток за образование за учебната 2022/2023 година, за учениците во основно и во средно образование.

    Започна пријавувањето за образовен додаток

    Правото на додаток за образование го остварува мајката на детето-редовен ученик во основно или средно образование согласно Законот за заштита на децата.

    „Ова право се остварува во зависност од материјалната состојба на домаќинството и истото може да го оствари дете во домаќинство чии вкупни просечни месечни приходи остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користењето на правото по сите основи на сите членови во домаќинството се во висина до прагот за пристап на правото на додаток за образование согласно Законот за заштита на децата. За корисниците на гарантирана минимална помош согласно Законот за социјалната заштита, не се утврдува материјалната состојба на домаќинството. Исплатата на оствареното право на додаток за образование за дете/ца се врши на мајката доколку детето/цата редовно присуствува/аат на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови во тековната година“, информира директорката м-р Александра Арсовска.

    За учениците во основно образование надоместокот изнесува 2.211 денари, додека за учениците во средно образование надоместокот изнесува 3.158 денари, кој се исплаќа на квартално ниво или на секои 3 месеци што вкупно по дете ученик во основно образование изнесува 8.844 денари, додека за дете во средно образование 12.632 денари на годишно ниво.

    За учебната 2021/2022 година ова право преку Центарот во Куманово  го оствариле вкупно 3646 деца од кои 2560 ученици во основно образование и 1086 ученици во средно образование. 

    Барањето за остварување на правото на додаток за образование се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, за корисниците од општина Куманово и Старо Нагоричане во просториите на детска заштита, за корисниците од Општина Липково во просториите на службата во Липково.

    Освен барањето кое корисниците можат да го добијат на шалтерските служби задолжително се доставува потврда за редовно школување издадена од училиштето кое детето го посетува.