Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со 10 милиони денари, средства добиени од Министерството за култура започна реконструкцијата на Театар Куманово. Во првата фаза предвидено е да се реконструира дел од внатрешноста на објектот и фасадата. Втората фаза ќе продолжи наредната година по одобрување на дополнителни средства од Министерство за култура.
„Се очекува првата фаза да трае шест до седум месеци, но, сепак, тоа зависи од повеќе фактори и можни непредвидени проблеми во текот на реконструкцијата. Рокот за завршување на градежните активности е до април 2022 година. Реконструираниот објект ќе биде целосно модернизиран и прилагоден на потребите на актерите и на публиката, кои ги диктира новото време“, изјави директорот, Сашо Тодоровски.
Додека трае реконструкцијата вработените во театарот ќе се преселат во Центарот за култура, а и претставите ќе се изведуваат на сцената на центарот.
Во Театар Куманово функционираат два ансамбли, на македонски и албански јазик, кои годишна продуцираат осум премиери и околу двеста престави.
Зградата во која е сместен Театар Куманово е една од постарите во градот, но со години не е реконструирана и се наоѓа во очајна состојба.