×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна реконструкцијата на некогашниот „Хотел Солун“

    10.02.2021 09:25 | KumanovoNews

     Во тек е реновирање и враќање на автентичниот изглед на зградата на некогашниот „Хотел Солун“, кој се наоѓа на ул. „Иво Лола Рибар“ или т.н. Нагорички сокак.  Моментално се работи во внатрешноста на приземниот дел на зградата. Проектот е финансиран од страна на ЕУ, преку СБС програмата за меѓугранична соработка, кој го реализира Општина Куманово заедно со Општина Дупница, од Република Бугарија.

    Започна реконструкцијата на некогашниот „Хотел Солун“

    Целокупната сума која е издвоена за овој објект изнесува 220.000 евра, а предвидена е конзервација, реставрација, санација и адаптација на хотелот, како и опремување на просториите со мебел, во период од 6 месеци.

    Градската куќа ќе се користи за повеќе намени. Во еден дел од просторот ќе се сместат невладини организации, а првиот кат ќе се користи и како туристички центар на Куманово. Конечната одлука ќе ја донесе Советот на Општина Куманово.

    Првичните најави беа дека со работа ќе се започне минитата година, па се чекаше на изнаоѓање најдобра понуда од градежните фирми во ноември, за да конечно работите на терен започнат на почетокот од јануари, оваа година.

    Куќата е во сопственост на Општина Куманово, а објектот е под заштита на државата како споменик од втора категорија.

    (Д.Д.)