Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна реализација на првата фаза од проектот за реконстриукција на спортскиот комплекс „Соколана“.
Таа предвидува реконструкција на постоечките игралишта и трибините, уредување на паркинг просторот и партерно уредување.
Во тек се градежни активности на трибините и теренот за мал фудбал.
„Предвидено е трибините и теренот за фудбал да бидат завршени за 60 дена, по што следува нов план и започнување со работа на теренот за кошарка. Тука е и паркинг просторот, а потоа доаѓа и главниот дел каде ќе се реконструира и обнови објектoт на спортската сала Соколана“, рече Александар Крстевски од Општина Куманово.
За реализација на проектот се предвидени 7,5 милиони денари, кои ги обезбеди Владата.
Минатата година, Владата ги врати во владение на Општина Куманово големите спортски објекти и тоа: Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.
(Д.Д.)