Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започнaа градежните активности за реконструкција на основното училиште „Христијан Карпош“ во населбата „Перо Чичо“.
Според директорката Лидија Костиќ, реконструкцијата ќе опфати голем дел од училиштето, од подовите до кровот. Средствата се обезбедени преку проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта“.
„Вредноста на проектот ед 8.877.010 денари обезбедени од Министерството за образование и наука и општината, ќе се реконструира кровот на училиштето, санитарните јазли во крилото на одделенска настава, подовите во сите училници и замена на сите дотраени дрвени и алуминиумски прозорци во училниците, кои досега ни беа голем проблем“, изјави Костиќ.
Освен покривот и дел од внатрешноста на училиштето ќе биде поставена и термоизолациона фасада. Целоснота реконструкција се очекува да заврши до почетокот на школската година.
Основното училиште „Христијан Карпош“ е основано во 1959 година со Одлука на Собранието на Куманово и е едно од најголемите училишта во градот.