×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна со работа новинарски клуб на учениците од „Кочо Рацин“ во Куманово

    01.12.2023 15:03 | Оливера Пешевска

    Медиумски новинарски клуб, под името „Ринг Медиа“ неодмана започна со работа во училиштето „Кочо Рацин“ во Куманово. Во него засега членуваат дваесетина ученици, кои сакаат да се стекнат со вештини за креирање на медиумски содржини со нови технолошки методи на социјалните мрежи.

    Започна со работа новинарски клуб на учениците од „Кочо Рацин“ во Куманово

    Планирано е да се слушаат потребите и желбите на децата, но и да се усмеруваат на објавување на содржини, кои секако би биле најпривлечни и интересни за нивните соученици, но и децата од нивната возрасна група од сите училишта во Куманово.

    „Членуваат деца од повисоките одделенија, од 6-то до 9-то и покажуваат голем интерес и љубопитност. Секако користењето на паметни телефони, креирање и објавување на кратки видеа т.н. рилс им се крајно привлечни.За овие десетина дена јас учев од нив, барем што се однесува до технологијата“, истакнува Весна Тодоровска, професорка по македонскин јазик во училиштето.

    Името е креирано како акроним на „Рацинов информациски, научен гласник“ и тоа преку бура од идеи на одржан час на проектот „Младите размислуваат“. Во понатамошните активности вбројани се посета на редакциите на локалните медиуми, и тоа во сите категории:радио,телевизија и интернет портал, каде поблиску ќе се запознаат како изгледа една новинарска редакција, техниката и технологијата кои се користат, но и преку средби со професионалци од фелата да дознаат по некој трик од „занаетот“.

    Проектот Младите размислуваат се спроведува преку УСАИД програмата за медиумска писменост, во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Младинскиот образовен форум (МОФ) и ИРЕКС.

    „Главно ќе се фокусираме на развивање на вештините за критичко размислување и критички пристап кон информациите кај младите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации и да придонесат за градење активно, одговорно граѓанство водено од емпатија. Децата ќе ги обучуваме за развивање вештини за продукција на медиумски содржини“, објаснува Тодоровска.

    Преку петгодишниот проект „Младите размислуваат“ од 2020-2025 година ќе се работи на вклучување на медиумската писменост во наставните програми и ќе се едуцираат млади од прво одделение, па се’ до студентите во универзитетите.За таа цел наставниците и професорите веќе имале обуки, со ресурси и потребни материјали, но вакви обуки се планирани и за учесниците во проектот.