×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна уписот на првачиња во Куманово

    08.05.2023 11:36 | Оливера Пешевска

    Започна уписот на деца во прво одделение во сите основни училишта во Куманово. Оваа година на списокот родени во 2017 година во Куманово се 1097 деца, но тој не е конечен бидејќи има деца родени во Скопје.

    Започна уписот на првачиња во Куманово

    Колку од нив ќе се запишат во кумановските учичишта ќе се знае на 1 септември, со оглед на тоа дека голем број на млади семејства се отселија од општината и земјава.

    Уписите на првачињата ќе траат од 1 до 31 мај. Во новата училишна година 2023/2024 се запишуваат децата родени од 1 јануари 2017 година до крајот на декември истата година. Постои можност да се запишат и децата родени во јануари 2018.

    Родителите треба да донесат извод од книгата на родените (без оглед на датум на издавање и без нотарска заверка), потврда за примени вакцини од надлежна установа,потврда од стоматолог (од школска амбуланта или од матичен стоматолог на детето), потврда од офтамолог (со упат од матичен лекар се оди на очен лекар) и документ за идентификација на родителот/старателот (лична карта, пасош). Постои можност електронски да се заврши процедурата, но таа поретко се користи. 

    Идните првооделенци треба да ги поминат тестовите кај педагог или психолог, кои ќе ја потврдат за нивната психофизичка и социјална зрелост и подготвеност да се вклучат во образовниот процес. Доколку кај некое дете забележат отстапувања, дополнително ќе се ангажира и социолог кој треба да процени дали ученикот може да се вклопи и приспособи на новата средина и да создава контакти со децата и образовниот кадар.

    Тестирањата ќе се вршат секој работен ден од 8 до 18 часот, во две смени, а од денеска ќе дежураат и учителките кои во новата учебна година ќе работат со првооделенчињата.

    „Секоја учителка има по еден ден за дежурство и средба со родителите на идните наши ученици. Заеднички со психологот или педагогот ќе ги вршат потребните тестови и проверки на дечињата“, изјави Јасмина Спасовска, директорка на ОУ „Браќа Миладиновци“.

    Во ОУ „Браќа Миладиновци“ во новата училишна година во прво одделение ќе се работи во 5 паралелки.

    „Оптимална бројка е 20 деца во едно одделение, но училиштата во централните градски подрачја скоро секогаш ја надминуваат таа бројка. За пример, сега прво оддделение кај нас завршуваат 143 деца, кај 5 учителки“, објаснува директорката.

    Позната е праксата да се запишуваат деца надвор од реонот на кој припаѓаат по адреса на живеење за да се запишат кај одредена учителка или во едно од „поелитните“ училишта. Се правата напори да се избегне ваквиот наум кај родителите, затоа што сите работат по иста програма, децата непотребно се малтретираат со патување до подалечни училишта и се создава непотребен метеж во популарните училишта.