Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во организација на здружението "Пчела" од Куманово, на Градскиот плоштад денеска беше отворен дванаесетиот пчеларски саем.Годинава на саемот се претставени петнаесетине производители на мед, од Куманово и соседните градови.Саемот го отвори градоначалникот на општина Зоран Дамјановски.
"Локалната власт ќе продолжи и во иднина да ја поддржува оваа манифестација на која се презентира ова гранка која е една од најперспективните.Кумановското здружение има преку 100 членови со над 2500 кошници и огромно производство кое ги задоволува потребите на регионот"- рече Дамјановски
Претседателот на здружението,Бранко Тасковски истакна дека манифестацијата на вистински начин го отсликува пчеларството во кумановскиот регион.
„Пчеларите од Куманово се познати по производство на квалитетен мед не само во Македонија,но и во странство"-истакна Тасковски.
Милорад Арсовски секоја година учествува на манифестациаја Денови на медот. Тој ги одгледува пчелите во селото Стрновец и произведува еколошки чист мед, за кој има и сертификат. Вели декасе занимава со пчеларство затоа што е голем вљубеник во природата и пчелите.
Одгледувањето на пчелите е доходовна гранка, но јас го работа тоа од хоби. Во пчеларникот запазени се сите стандрди за органско производство и постои висок квалитет во преработката. Куманово има квалитетен мед по кој е препознатливо не само во државата туку и надвор од неа- вели Арсовски.
Граѓаните, денеска можеа да се снабдат со мед, пчелин восок, прополис, матичен млеч.Саемот ќе трае три дена.