Запрена лустрацијата
25.01.2012 15:35
| KumanovoNews
Уставниот суд на Република Македонија донесе времена мерка за стопирање на Законот за лустрацијата.

Лустрацијата се стопира за поранешни функционери, новинари, членови на организации, адвокати и медијатори.
Според Судот, со лустрацијата на овие личности се навлегува во моралниот интегритет и достоинство, поради што поведе постапка за овие членови од Законот за лустрација.
Уставниот суд го оспори и времетраењето на Законот, бидејќи во него не било прецизирано до кога трае овој процес.