×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заради неодговорноста на локалната власт кумановци ќе плаќаат поскапа вода, рече Давидовиќ

    13.01.2021 12:24 | KumanovoNews

    Заради неодговорноста на локалната власт на СДСМ и ДУИ, кумановци ќе добиваат зголемени сметки за потрошена вода, рече на денешната прес конференција, Милан Давидовиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Куманово.

    Заради неодговорноста на локалната власт кумановци ќе плаќаат поскапа вода, рече Давидовиќ

    Давидовиќ смета дека поскапувањето на водата предложено од Регулаторната комисија е нереално и врз база на лоши финансики извештаи на ЈП „Водовод“, кои се резултат на лошото менаџирање со истото. Со ова рече тој, кумановци се оптоваруваат со дополнителни финансиски издатоци во ситуација на пандемија и економска рецесија.

    „Затоа повеќе од неопходно беше потребно Советот на Општина Куманово да не даде согласност на оваа одлука на Регулаторната комисија, која за жал се усвои од советниците на СДСМ и ДУИ со 19 гласа за. ЈП „Водовод“ Куманово наместо да се грижи за интересите на граѓаните, да го подобрува системот за водоснабдување, да ја намали загубата на водата низ водоводната мрежа и да ја подобри слабата наплата на сметките за потрошена вода, нивен врвен приоритет е посегнување по џебот на кумановци, како би можеле да вработуваат уште партиски војници, во и онака превработеното јавно претпријатие. Додека повеќе од 50.000 граѓани на Република Македонија останаа без работа заради неспособноста на Владата на СДСМ и ДУИ меѓу кои и кумановци, локалните власти зголемуваат такси и давачки, со кои дополнително ги осиромашуваат граѓаните“, изјави Давидовиќ.

    Тој рече и дека градоначалникот Максим Димитриевски го премолчил поскапувањето на водата, иако  требал да бара одговорност од ЈП „Водовод“ Куманово и да се спротивстави на ваквото поскапување.

    (Ф.М.)