×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жардиниерите на булеварите се оштетни и им треба санација

    18.12.2023 14:32 | Оливера Пешевска

     Жардиниерите кои ги разделуваат коловозните траки на булеварите 3 МУБ и Октомвриска револуција се обрушуваат, поради што треба да се поправат. Од службите кои се надлежни да ги одржуваат велат дека жардиниерите се оштетени поради атмосферските влијанија.

    Жардиниерите на булеварите се оштетни и им треба санација

    Дел од граѓаните реагираат дека ако не се преземе нешто жардиниерите целосно ќе се распаднат, бидејќи од нив испаѓаат плочите, а ѕидовите попуштиле. Освен што претставуваат опасност во сообраќајот,  ја нагрдуваат сликата на она што освен практична треба да има и урбана намена, разубавување и оплеменување на просторот со зеленило.

    За садење и одржување на зеленилото е одговорно ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово.

    „Ние сме задолжени само за зелениот дел, садење и одржување на грмушки. Садени се зимзелени садници кои пуштаат корени во длабочина, не се шират, не пуштаат големи корени па и поткопувањето не може да биде од насаденото зеленило. Обрушувањето е најверојатно од дотраеност или механичко оштетување. За нивна санација се задолжени општинските служби“, кажа директорот Даниел Стојчевски.

    Одржувањето е на  Секторот за комунални работи во Општина Куманово.

    Не успеавме да добиеме информација дали санација на настанати штети на жардињерите ќе влезе во Програмата за комунални работи на Општина Куманово за 2024 година.