×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заштитeте се и имајте доверба во вакцинацијата, порача Марина Додевска

    02.04.2021 12:15 | KumanovoNews

    Како здравствено лице кое секојдневно се соочува со пациенти и ги согледува последиците од овој тежок и непредвидлив вирус, ве повикувам и охрабрувам да се заштитите и да пристапите со доверба кон вакцинацијата кој се спроведува и која следниот месец ќе стане уште помасовна за нашите граѓани. Не плашете се, вакцинирајте се, рече на денешната прес конференција Марина Додевска од Здравствен дом Куманово.

    Заштитeте се и имајте доверба во вакцинацијата, порача Марина Додевска

    Таа додаде дека ова е голем предизвик со кој се соочува светот и затоа треба да имаме доверба во медицината и на вакцините, а сѐ со цел животот полека да се врати во нормала.

    „Периодов започнува масовната вакцинација во нашата држава. Вакцината е единствениот лек со кој можеме да ја победиме пандемијата. Во Куманово е отворен вакцинален пункт согласно сите законски процедури и протоколи. Пунктот се наоѓа во централната зграда на „Здравствен дом“ т.н. „Уред“ и работи во две смени. Вакцинацијата се одвива според предвидениот план и динамика, а се врши исклучиво со закажан термин од матичен лекар на 10 минути. Во првата фаза се опфатени граѓани постари од 77 години. Сите граѓани треба да се пријават кај своите матични лекари или на веб сајтот за пријавување- vakcinacija.mk, при што се прави распоред за спроведување на вакцинацијата“, рече Додевска.