Мени

Затворен нерегистиран угостителски објект во центарот на градот, работел по дозволеното време

04.02.2021 12:56 | KumanovoNews

 Синоќа во 22.33 часот по претходна пријава од граѓанин полициските службеници од СВР Куманово извршиле контрола на нерегистриран угостителски објект во центарот на градот, кој покрај тоа работел и по дозволеното работно време за угостителски објекти, соопштува МВР.

Затворен нерегистиран угостителски објект во центарот на градот, работел по дозволеното време

При контролата биле затекнати пет лица-гости и сопственикот Г.Р.(49).

По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.