×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворен угостителски објект во Куманово поради непочитување на работното време

    01.02.2021 15:12 | KumanovoNews

    Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 21.30 часот извршиле контрола во угостителски објект на улица ул.Ленинова во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти.

    Затворен угостителски објект во Куманово поради непочитување на работното време

    Според МВР, во објектот биле затекнати осум лица – гости, пет вработени и сопственикот М.С.(34).  Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.

    По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.