Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 19.20 часот, извршиле контрола во угостителски објект на улица „Професор Мијаковиќ“ во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време.
Во објектот биле затекнати десет лица – гости и сопственикот од Куманово.
Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.