Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 21.50 часот, извршиле контрола во угостителски објект во с.Виштица, Општина Липково, сопственост на Р.И.(31) од село Виштица, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 18 лица-гости и сопственикот.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик - „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат.