×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворена чајџилница во Куманово, сопственикот ќе добие кривична пријава

    07.03.2021 09:18 | KumanovoNews

    Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 22.30 часот извршиле контрола во чајџилница на ул. Карл Маркс во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време.

    Затворена чајџилница во Куманово, сопственикот ќе добие кривична пријава

    Според МВР,  во чајџилницата биле затекнати околу 20 лица.  Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот е затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.