Затворена модуларната болница во Куманово поради намален број на ковид пациенти
17.06.2021 20:25
| KumanovoNews
Модуларната болница во Куманово во која се лекуваат болни од ковид-19 од денес е затворена.

Болницата има 33 кревети и поради намалениот број болни на кои им треба хоспитализација, во иднина тие ќе се лекуваат на инфективното одделение.
Модуларната болница првите пациенти ги прими на 9 март годинава. Позитивните пациенти се сместуваа и во ковид одделенијата на психијатрија и неврологија, како и на интерното одделение.
Во болницата има вкупно 12 пациенти болни од ковид-19.