Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До околу 17 часот ќе биде затворена за сообраќај улицата „Димитар Влахов“, на потегот од црквата „Св. Никола“ до улицата „Ленинова“.
Според информации од ЈП „Водовод“, на коловозот се врши санирање на дефект на канализациска мрежа и се очекува работите да завршат најдоцна до 17 часот.
„Покрај отстранување на дефектот ја искористивме приликата и да работиме на реконструкција на приклучок на водоводната мрежа“, велат од претпријатието.
Граѓаните, кои денеска имаа потреба со возилата да поминат по улицата, не ја оспоруваат потребата да се работи на терен, но реагираат што надлежните не информираат дека ќе се затвори улицата за да го избегнуваат тој дел на градот и да не се создава метеж.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk