Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во североисточниот регион повеќе патни правци се завеани и сообраќајот е во прекин, стои во извештајот од Авто мото сојузот на Македонија.
Во општина Старо Нагоричане се расчистува патот меѓу селата Дејловце и Длабочица, а во наредните денови предвидено е да се расчистуваат патните правци во Козјачијата и тоа: Жегљане – Малотино –М’гленце, Арбанашко – Рамно - Буковљане и Цветишница.
Во општина Ранковце регионалниот патен правец кон село Герман е непрооден поради големи снежни наноси.
Во општина Крива Паланка регионалниот пат кон село Огут е прооден со теренски возила. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, а на повисоките места, наместа со остатоци од кашест снег. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Страцин и на планинскиот премин Стража.
Во општина Кратово сообраќајот во планинскиот дел не се одвива поради паднатиот снег во висина од 50 см. На патниот правец Злетово - брана Кежовица кај село Којково, има свлечено поголема количина на земја и сообраќајот е во прекин. На регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на село Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 м и се поставени знаци за предупредување.