×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши реконструкцијата на патот Зебрњак - Младо Нагоричане, во тек е постапка за изградба на патот Новосељане, Косматац и Мургаш, објави СДСМ

    08.06.2023 14:25 | Сузана Николиќ

    Владата предводена од СДСМ одвоила средства за реконструкција на патот патот Зебрњак - Младо Нагоричане, во тек е постапка за асфалтирање на локаниот пат Новосељане, Косматац и Мургаш.

    Заврши реконструкцијата на патот Зебрњак - Младо Нагоричане, во тек е постапка за изградба на патот Новосељане, Косматац и Мургаш, објави СДСМ

    Ова денеска на прес- конференција го соопшти портпаролот на општинската организација на СДСМ Александар Митрички, кој кажа дека неговата партија продолжува да придонесува за развојот на општина Куманово и постојано вложува во патната инфраструктура околу нашиот град. 

    „Изминатиов период се направени и рехабилитирани скоро сите патишта во околината на Куманово. Во моментот се наоѓаме на што туку завршениот пат од Зебрњак до Младо Нагоричане, со што се олеснува поврзувањето на општина Куманово со општина Старо Нагоричане. Оваа делница која е дел од патот познат како Стар пат за Крива Паланка е во должина од 5 километри. Исто така, би сакале да ве известиме дека во тек е тендерска постапка за изградба на локален пат кој ги поврзува населените места Новосељане, Косматац и Мургаш. Временскиот рок за извршување на оваа активност изнесува 8 месеци. Понатаму, следува реконструкција на ул. 300 од населба Ајдучка Чешма во Куманово каде што временскиот рок за завршување на работите е 60 дена“, изјави Митрички.

     Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ грижата за граѓаните ја покажува на дело, со реални инвестиции, со изградба на патна инфраструктура, односно градење на регионални и патишта кои ги поврзуваат руралните средини, а со тоа придонесуваме за развој на овие места и олеснување на животот на тамошните жители.