Здравствен дом доби кола за “рурален лекар“
19.03.2014 11:53
| KumanovoNews
Здравствен дом Куманово пред два дена од ресорното министерство доби донација возило за проектот “рурален лекар“.
Возилото ќе биде предадено на екипата, кои ја вршат оваа работа. Ова е прво возило што е специјално наменето за проектот “рурален доктор“, инаку досега се работеше со возила од нашиот возен парк. Најавено ни е дека во најскоро време ќе добиеме уште едно возило - рече Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Новото возило значително ќе придонесе за ефикасно спроведување на проектот “рурален лекар“.