×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Здравствен дом отвори лабораториски пункт во населбата „Гоце Делчев“

    25.10.2022 10:45 | Оливера Пешевска

    Здравствен дом Куманово отвори лабораториски пункт во амбулантата во населбата „Гоце Делчев“, кој ќе функционира за земање на крв, урина и други примероци за анализа за дијагностичко - специјалистички цели. Во новата лабораторија има опрема за основните крвни анализи.

    Здравствен дом отвори лабораториски пункт во населбата „Гоце Делчев“

    „Веќе имаме информации дека има позитивно мислење кај пациентите, бидејќи многу повеќе им одговара да се обратат таму, да не доаѓаат до центар, со што ќе заштедат на време и секако на превоз. За отварањето на пунктот се известени сите матични лекари од градот и околината, за да ги информираат и упатат пациентите“,  изјави Бесник Есади, одговорен лаборант во Здравствениот дом во Куманово, т.н Уред.

    Лабораторијата ќе работи секој работен ден од 7 до 9.30 часот, а во наредниот половина час е резервиран и оделен за суспектни ковид пациенти. По 10 часот итните случаи сепак ќе мора да се обратат во централната лабараторија во центарот на Куманово.

    Дисперзирање на лабораториски услуги во наредниот период се планира и во амбулантата „Тоде Мендол“ и во амбулантата во населбата „Перо Чичо“. Цел на ваквите пунктови е намалување на гужвите и притисокот на лабораторијата во центарот, заштита на граѓаните од ширење на болести кога поголеми групи се задржуваат во затворен простор и секако поголема достапност на заинтересираните пациенти за услугата. Веќе воспоставена е праксата резултатите електронски да се испраќаат на апликацијата Мој термин од каде секој матичен лекар може да ги испечати, што повторно има голема предност и за пациентите и за здравствените работници.

    Во Школската амбуланта е остапена за работа со дечињата кои одат на редовен систематски преглед.