Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца општи лекари се вработени во Здравствен дом Куманово, а наскоро се очекуваат и нови вработувања во службата за Итна медицинска помош.
“Конкурсот е завршен, а до 15 декември трае рокот за жалби. Лекарите ќе работат до март, а потоа најверојатно ќе одат на специјализација, на педијатрија. Чекаме вработување на уште тројца доктори, две сестри и пет шофери во Итна помош. До Нова година ако добиеме согласност, ќе распишеме конкурс за прием на тој персонал“ - вели Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Се очекува во Брза помош низ цела Македонија да бидат вработени 184 луѓе.