×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем одзив на крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството

    14.06.2023 13:24 | Оливера Пешевска

    Здружението „За наше Куманово“ денеска организира крводарителска акција во соработка со Институтот за транфузиона медицина од Скопје, по повод Светскиот ден на крводарителството,14 јуни.

    Голем одзив на крводарителска акција по повод Светскиот ден на крводарителството

    Под мотото „Дарувај крв,спаси живот“, Здружението ја организира акцијата по вторпат  за нивните членови, општинската администрација и граѓаните, со план да прерасне во традиција и да не се ограничува само на светскиот ден,  туку да се реализира  два до три пати годишно.

    „Засега има одличен одѕив, за само час и половина повеќе од 20 луѓе имаат дарувано крв, се надеваме дека така и ќе продолжи. Сите заедно да помогнеме да спасиме човечки животи и да го покажеме ова на дело“, посочи Ненад Стојановски, еден од организаторите од Здружението.

    Во првата крводарителска акција, организирана во декември, собрани се над 100 крвни едници. Со денешната динамика се очекува да се потврди успехот од претходната акција.