Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од неодамна единствено во “Тама Метража“ во Куманово се достапни “Зебра“ или “Ден и ноќ“ завесите кои се хит во светот .
Лесни за одржување, украс за ентериерот, тие се одлична замена за класична завеса, корнез и ролетна. Во “Тама Метража“ изобилуваат со дезени и бои за сечиј вкус.
Различни сме по тоа што имаме преку 50 дезени на располагање и ќе набавиме уште нови. Изработката трае три - четири дена, завесите можете да ги добиете готови и складни по мерка на вашите прозорци. Ги изработуваме според димензиите на прозорците. Со овие завеси се подесува дневната светлина во просторијата . “Зебра“ завесите ги нарачуваат претежно луѓето кои живееле во странство, тие на Запад се популарни и луѓето за нив знаат многу - вели Јаворка Филиповска, сопственик на “Тама Метража“.
“Зебра“ завесите се од турско производство и се нудат по пристапни цени. За разлика од главниот град, кај нас се за 30 отсто поефтини.
Тие се иновативно, практично и елегантно решение за заштита од светлина кое домот го прави комфорен во лето. Штитат од УВ зрачење и ќе го разубават просторот во кој живеете.
Лесно се монтираат, а ракувањето со нив е едноставно.
“Тама Метража“ е лоцирана на улица “Илинденска“ бр.40 / 5 во Куманово.