Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Се залагаме околу училиштата да се направи „Зелен ѕид” од дрвја со цел да се намали загаденоста во училишните дворови, каде децата за време на одмор и на часовите по физичка активност, престојуваат. И не само тоа, на тој начин ќе се зголеми и бројот на садници, односно зеленило, изјави Олгица Вељковиќ – кандидат за советник од „Движењето одлучно за промени“, на коалицијата ЛДП и ДОМ.
„На ниво на општина Куманово и приградските населби, училиштата се наоѓаат на фреквентни сообраќајници. Ако сакаме да сме европски град тогаш и треба да се стремиме да имаме 25м2 по жител зеленило“, додаде Вељковиќ.
Таа потсети дека Куманово е меѓу четирите најзагадени општини во државата. Повеќе фактори влијаат на тоа, а пред се индустријата, издувните гасови од автомобилите и јавниот превоз, енергенси за затоплување на јавните установи и домаќинства, неплански градби, несовесно депонирање и палење на сметот допринесуваат за квалитетот на амбиентниот воздух.
„И за крај секако, оваа фотографија ќе беше попријатна за гледање ако зад нас имаше дрвореди“, заврши Вељковиќ.