×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјиштето е приватно, го купив кога работев во Ирак и кога не се занимавав со политика, тврди Димитриевски

    14.10.2021 19:13 | Сузана Николиќ

    Максим Димитриевски ги нарече лажни обвинувањата на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски и пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска, дека купил државно земјиште од 10.000 метри квадратни додека бил градоначалник на Куманово. Тој тврди дека земјиштето го купил од приватен сопственик и тогаш не бил на функциите претседател на Совет, ниту градоначалник.

    Земјиштето е приватно, го купив кога работев во Ирак и кога не се занимавав со политика, тврди Димитриевски

    „Точно е дека имам земјиште, но за него се водеше постапка 9 години, а тогаш немав ништо со политика. Како и многу други мои сограѓани работев во Ирак, спечалив пари и купив земјиште, кое не е државно како што вие дезинформирате, туку е купено од приватно лице како и многу други купувачи од мојот град во тоа време кои купија имот на таа локација "Црвенки". Ова земјиште е уредно пријавено, со документи и сите постапки како мој имот и тоа се гледа во мојата пријавена имотна состојба во ДКСК“, стои во изјавата на Димитриевски.

    Тој вели дека Илиевски и Тасевска денеска излегле со дезинформација дека ја злоупотребил службената положба заради купување на државно земјиште. 

    „Кандидатот за градоначалник Илиевски во дебатна емисија дезинформира дека имотот сум го стекнал кога сум бил претседател на Советот во општината, додека пак пратеничката Тасевска дезинформира дека имотот сум го стекнал додека су бил градоначалник. Со ваквите неосновани напади кои сакате да ги злоупотребувате во политички цели само докажувате дека вашата цел е да победите на локалните избори со лаги и притисоци“, вели Димитриевски.

    Тој додава дека доколку пратеничката Тасевска во рок од 7 дена не му се извини ќе и поднесена тужба.