×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците бараат заштита од Федерацијата на фармери

    19.05.2011 15:38 | KumanovoNews

     Ниската откупна цена на млекото, проблеми со исплатата на грозје и пласманот, како и застарената земјоделска механизација се само дел од проблемите со кои се соочуваат земјоделците од Североисточниот регион.

    Земјоделците бараат заштита од Федерацијата на фармери

     Овие и другите проблеми земјоделците денеска ги изнесоа на Генералното собрание на Федерацијата на фармери, што се одржа во Куманово, а со цел новото раководство да им помогне.

    Млекото се откупува и немаме проблеми за плаќање, но цените се ниски и не ги покриваат трошоците за производство. Ние лозарите од тиквешијата се соочуваме со најголемиот проблем исплата на откупеното винско грозје, кое по законот за земјоделство винарските визби беа должни да го платат за шест месеци но рокот е пробиен- едногласни се сточарите и лозарите.

    Аника Нигар од Шведска федерација на фармери, која соработува со македонската федерација вели дека ситуацијата во земјоделието е иста насекаде во светот.

    И во Шведска, производителите на свинско месо се во тешка ситуација кога треба да најдат пласман и да го продадат произведеното. И вие ги имате истите проблеми само што кај нас технологијата е понапредна - вели Нигар.

    Андрија Секуловски, претседател на Федерација на фармери вели дека тие имаат капацитет да одговорат на барањата на земјоделците и да ги штитат нивните интерси. Новото раководство работи на развој на соработка со слични организации, едукација на членството и подобар пристап во нивното работење.