Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјоделци од кумановско утре ќе заминат на меѓународен саем во Пловдив.
Таму ќе имаат можност да ги видат најновите достигнувања во земјоделството, земјоделските машини и опрема, сортни семиња, ветеринарна медицина и агрохемикалии.
Повеќе од десет години го посетуваме овој саем. Имаме доста заинтересирани, но дел од нив се пријавуваат во последните денови. Секоја искуство е драгоцено за земјоделците и токму затоа се интересни овие саеми - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.
Селскостопскиот саем во Бугарија земјоделците го посетија и лани.