×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Земјоделците да ги легализираат тракторите

    08.01.2013 14:16 | KumanovoNews

    До април годинава  земјоделците треба да поднесат барање за легализација на тракторите и приколките за кои немаат никаков документ.

    Земјоделците да ги легализираат тракторите

    Земјоделците кои немаат никаков документ за механизацијата која ја поседуваат треба до суд да поднесат предлог барање за легализација, и изјава заверена на нотар во која ќе наведат марка, тип на трактор, број на шасија и слично. За три дена судот на увид ги доставува документите во Министерство за земјоделство, се објавува на огласна табла и за 30 дена добиваат решение. Земјоделците кои тракторите ги имаат регистрирано, треба само да платат осигурување. Во меѓувреме до 3 август тече рокот за легализација на дивоградби изградени на земјоделско земјиште - вели Живка Наумова, раководител на регионална Агенција за поттикнување и развој на земјоделството.

    Таа објаснува дека во кумановско, многу земјоделци имаат трактори увезени од Србија, Бугарија, набавени од задруги за кои не поседуваат документи за сопственост. Истото се случува и со земјоделците кои механизацијата наследена од родителите не ја префрлиле на свое име. Доколку не ги легализираат тракторите и приколките фармерите ќе се соочат со казни од над 500 евра. Во декември се посетени повеќето села и на селаните им е објаснета процедурата за легализација на земјоделска механизација.