Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасна жена од липковското село Матејче починала откако настанал пожар во собата во која престојувала.
Несреќата во Кумановската полиција ја пријавиле од Итна медицинска помош во Липково, синоќа во 21.25 часот, откако било констатирана смрт кај Н.М.(83) од с.Липково како последица од пожар.
Според пријавеното, пожарот настанал во собата во која што била Н.М., кој потоа бил изгаснат од членови на семејството. Лекар од Итната помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Куманово. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.