Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на пролетните месеци зголемен е бројот за пријави на семејно насилство во надлежните институции. На почетокот на годината имало само 10 пријави, додека во вториот квартал бројот на пријави се зголемил на 133. Сите сторители се познати на полицијата, стои во извештајот на СВР Куманово.
Најчесто се пријавуваат мажите, па така во првите 3 месеци од 2022 имало 9 пријави против нив, а во следните три месеци бројот се золемил на дури 110 пријави.
Во статистиката на СВР Куманово ги има и жените. Била поднесена 1 пријава за периодот од јануари до март,а во следното тромесечие тие се здобиле со 23 пријави.Разликата меѓу физичко и психичко насилство се прави само во вториот извештај за годинава-физичко насилство и малтретирање се случило во само 16 случаи,а кумановчани заработиле 117 пријави за психичка злоупотреба.Од тоа само 16 пријавени биле под дејство на алкохол,останатите се извршени како резултат на психички растројства.
Сопружничкото насилство е меѓу најзастапените. Има пријави за 4 лица во првиот квартал и дури за 46 во вториот. Во вториот квартал 9 мажи пријавиле дека се малтретирани од сопругата.И и децата се на удар на родителите, а се осмелиле да пријават 3 пати на почетокот на годината и 13 пати во текот на пролетта.
Мирната старост не е секојдневие за некои наши сограѓани. Имено,во периодот од јануари до март две мајки и двајца татковци биле малтретирани од своите деца, а од март до јуни 24 родители биле под закана од своите родени деца.
Податоците и статистичките анализи за третиот квартал од 2022 год се уште се недостапни за јавноста.