Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово во првите 10 месеци од годината 9 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи.
Бројот е поголем во однос на минатите две години кога во 2010 година имало 10 жртви, а во 2009 нивниот бој изнесувал 6. На годишно ниво во Куманово се случуваат помеѓу 550 и 600 сообраќајни несреќи, во кои 60 лица се здобиваат со тешки телесни повреди.
По тој повод вчера се одбележа Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи. Организарот на манифестација на Градскиот плоштад беа Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и Одделот за превенција од СВР Куманово.Во одбележувањето се вклучија и триесетина ученици од основните училишта од градот, кои делеа флаери со едукативна содржина, а воедно децата на поставениот сообраќаен полигон покажуваа практично познавање на сообраќајните правила и прописи, како велосипедисти и пешаци.
"Целта е да подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи ,се со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот"- вели Виолета Богдановска,од одделението за превенција при СВР Куманово.
Во манифестацијата се вклучија и екипи од општинската организација на Црвениот Крст, кои пак симулираа повреди и ги тестираа возачите во знаење при укажување на прва помош.