×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемена потрошувачката на вода, надлежните апелираат да се користи рационално

    09.07.2024 14:35 | Оливера Пешевска

    Значително е зголемената потрошувачката на вода во Куманово поради жештините. Од Филтер станицата на ЈП „Водовод“ велат дека засега се испорачуваат доволни количина на вода од 380 литри во секунда, но се случува во попладневните и вечерни часови да се намали притисокот во одредени делови од градот.

    Зголемена потрошувачката на вода, надлежните апелираат да се користи рационално

    Сепак, тврдат дека досега до Водовод нема поплаки дека одредени делови на градот се без вода за пиење.

    „Во моментов испорачуваме во просек по 380 литри во секунди дневно, но во најжешкиот дел од денот или во попладневните часови потрошувачката е повеќе од 400 литри. Во текот на ноќта паѓа и на 200, па отука се земаат просечните вредности. Нема стигнато поплаки, но се случува во повисоките зони или на погорните катови на зградите да има помал притисок. Тоа не е ништо ново, вообичаено е за овој период од годината и овие температури“, објаснува Тони Јовчевски, раководител во Филтер- станица.

    Поради застареноста на мрежата се јавуваат и дефекти, на секоја пријава итно се реагира и се постапува во најкраток можен рок. Според официјалната страница на претпријатието за денеска се пријавени два дефекти, во приватни стамбени објекти, едниот на улицата „Боро Менков“, вториот во населбата Бабин Дол.

    Надлежните појаснуваат дека има доволни количества на вода, акумулационите езера и алтернативните извори во целост можат да ги задоволат потребите на граѓаните. Од претпријатието апелираат до потрошувачите да се однесуваат рационално со водата за пиење и да не ја користат за разладување на улиците, полевање на бавчите и дворовите или полнење на базени.

    „Водата мора да стигне секаде и до секој, затоа мора рационално да се користи“, апелираат од ЈП „Водовод“ Куманово.