×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемена потрошувачката на вода од 30 до 40 отсто, надлежните апелираат да не се полеваат дворови и бавчи

    20.07.2023 08:28 | Оливера Пешевска

    Потрошувачката на вода во Куманово значително е зголемена од почетокот на месецот, откако градот е зафатен со високи температури. Но, и покрај тоа снабдувањето со вода е непречено и без проблеми уверуваат надлежните.

    Зголемена потрошувачката на вода од 30 до 40 отсто, надлежните апелираат да не се полеваат дворови и бавчи

    „Во последните десетина дена имаме зголемена потрошувачка за 30-40 отсто на дневно ниво, во однос на периодот од почетокот на летото. Но, снабдувањето на домовите е тековно, немаме пријавено некои поголеми проблеми, а доколку и настане некој дефект се санира во најкус можен рок“, изјави Тони Јовчевски, раководител во кумановската филтер-станица во ЈП „Водовод“.

    Надлежните појаснуваат дека има доволни количества на вода, акумулационите езера и алтернативните извори во целост можат да ги задоволат потребите на граѓаните. Можеби на некоја од повисоките реони или на погорните катови во зградите без хидрофор доаѓа до пад на притисокот, сепак тоа е само во ударните термини, кога и потрошувачката е зголемена.       

     Од претпријатието апелираат до потрошувачите да се однесуваат рационално со водата за пиење и да не ја користат за разладување на улиците и полевање на бавчите и дворовите.

     „Потсетувам дека производството на вода за пиење е скап процес, работиме со ограничен ресурс, ние не можеме да создадеме ништо ако нема доволно врнежи. Затоа мора да се внимава на потрошувачката“, истакнува Јовчевски.