Зголемени субвенциите за струја за социјалци
18.08.2015 17:20
| KumanovoNews
Субвенциите за сметки за потрошена електрична енергија се зголемени од 700 на 800 денари месечно, за семејства приматели на социјална помош.
Ова денеска го најави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при посета на градот.
Согласно програмата на Владата на Република Македонија и согласно ветувањата кои што ги дадовме пред граѓаните, веќе се реализира ова зголемување. За оваа година беше предвидено од 700 денари месечно, субвенцијата за потрошувачка на електрична енергија да се зголеми на 800 денари и тоа е веќе направено - кажа Спасов.
Социјалците кои се загрозени ќе треба да ги приложат сметките во Центарот за социјални работи, по што парите ќе им бидат рефундирани.

