Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово подготвно ќе ги дочека промените на времето и првиот снег.
Како што соопштуваат од локалната самоуправа, вчера се одржал договорен состанок со претставниците на наделжните служби, при што се прецизирани сите активности кои ќе се преземат за чистење и одржување на улиците во зимски услови.
На состанокот присуствуваа претставници од МВР и фирмите кои се задолжени да ги одржуваат улиците. Во моментот фирмите располагаат со 180 тони сол, двете по 90 тони. Направен е приоритет на сообраќајници и се надевам дека нема да има проблами во текот на зимскиот период за непречено движење- вели секретарот на општината Валентина Алексовска.
Градот е поделен на две зони, источна и западна и секоја од фирмите е задолжена за својата работа, а ќе се коордира од општината.