Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Б.С.(46) од с.Агино село, кумановско, вчера во 16.30 часот пријавил дека при вршење земјоделски работи на негова нива во место викано „Прогон“, во атар на Агино село, пронашол две стари неексплодирани артилериски гранати 75 мм од Втората светска војна.
Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово, а гранатите се безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предадени за понатамошна постапка.