Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Б.А.(43) од село Ваксинце заработи кривична пријава за криумчарење на мигранти, а истражен судија му одреди притвор во времетраење од 15 дена, затоа што превезувал Авганистанци кон селото Лојане.
По претходно добиени сознанија дека на автобуската станица во Скопје,во автобус кон Куманово влегла поголема група на мигранти, полициски инспектори организирале акција кај селото Речица. Во возило “Фолсваген Пасат“ со кумановски регистерски таблички со кое управувал Б.А.,пронајдени се и приведени пет лица од Авганистан.Н.Н. (25), Т.С. (21), Х. Х. (21), А.Х. (21) и Д.Т. (19) сакале нелаегално да ја минат границата кон Србија. По извршениот разговор со пријавениот појаснил дека иако знаел оти се работи за странски државјани мигранти, прифатил да изврши превоз на лицата до село Лојане за сума од 20 евра.
Авганистанските мигранти се сместени во Прифатниот центар за странци заради обезбедување на присуство во текот на судската постапка.